Палмарсон: Двапати го победивме Вардар сезонава, но тоа утре нема да биде важно

Исланѓанецот во редовите на Барселона, Арон Палмарсон има големо искуство играње против македонски тимови или репрезентацијата на Македонија. Тој пред утрешниот полуфинален меч е внимателен, но вели дека се надева дека тој и неговите колеги ќе успеат да дојдат до финалето.

Упати многу комплименти на адреса на „црвено-црните“.

„Се надевам дека ќе успееме да победиме на мечот од полуфиналето. Одигравме двапати сезонава со Вардар и двапати победивме, но тоа не е важно. Сега е нов меч и сосема различен. Вардар е цврст тим, кој има добра одбрана. Тоа е тим со добар микс на играчи на средината како што се Карачиќ и Скубе. Тие се многу опасен тим, кој има и брзи крила. Имаат и одлични играчи на сите позиции и третпат по ред се овде на Ф4 така што не е изненадување бидејќи играат одлично во текот на целата сезона“, вели Палмарсон.

Ракометарот на Барселона воедно прифаќа дека неговиот тим е главен кандидат за освојување на круната во Келн, но вели и дека не мора да бидат внимателни бидејќи ова е завршен турнир и средбите се сосема поинакви од оние кои ги играа во групната фаза.

„Се согласувам со фактот дека сме фаворити. Одигравме тешки натпревари со противниците во групната фаза, но успеавме да ги победиме. Завршниот викенд не е гаранција за тоа дека фаворитот секогаш победува. И претходно се има покажано дека е многу непредвидлив и мораме да бидеме внимателни“, рече Палмарсон.

Барселона како и пред две години е ривал на Вардар во полуфиналето, а мечот е на програмата утре од 18 часот.