Паличка на голот на Алборг во наредните три години

По заминување на легендарникот Оле Еревик, екипата на дански Алборг беше во потрага по квалитетна замена и нов предводник на одбраната на тимот. Кил веќе ги обелодени своите планови за наредните сезони, потпишувајќи со еден од најдобрите светски голмани Никлас Ландин Јакобсен, што значеше крај за шведското дуо на голот на Кил. Сјостранд потпиша за германскиот бундеслигаш Мелсунген, а Андрес Паличка сеуште беше во потрага по нова средина каде нема да биде во сенка на друг голман. Денес управата на данскиот клуб соопшти дека 28 годишниот Андрес Паличка е новото засилување на голот на Алборг. По седум години поминати во Кил тој се обврза на три годишен договор со Алборг.
Потписот на Паличка е одлична зделка за Алборг. Тој не е само голман од светска класа, туку доаѓа со големо меѓународно искуство. Тој истотака има победнички менталитет и професионален пристап кон работата.Многу е важно за нас да имаме силно голманско дуо, а сметам дека Паличка и Вестфал ќе бидат тоа во наредните сезони. Со договорот на ПАличка, клубот добива на значење поради фактот што таков ракометар решил да настапува за нашиот тим. – изјави Јан Ларсен

Андрес Паличка за новиот клуб вели:
Одлучив да ја продолжам кариерата во Алборг бидејќи тоа е клуб со амбиција да освојува титули и да биде во врвот на Данскиот ракомет. Познавам неколку шведски ракометари кои настапувале во Алборг и сите кажуваат само позитивни работи, со нетрпение очекувам да започнам со тренинзи на лето.