Палевски и Димитров донесоа победа за Работнички во Кавадарци

Еден од фаворитите за влез во Супер лигата, Работнички забележа нов триумф во плеј-офот од Првата лига, откако во Кавадарци го солвада Тиквеш со 33:31. Иако се седум места подобро пласирани, тимот од главниот град не беше толку супериорен на теренот.

Мотивираниот домаќин на почетокот на мечот имаше свои повремени блесоци, но Работнички покажа што може и со подобра игра во финишот на првиот дел се избори за водство на полувреме од 15:11.

Тоа се чини беше пресудниот момент кој им донесе победа на гостите. Во вториот дел, гостите стигнаа и до уште повисока предност, која при крајот Тиквеш успеа да ја намали на само два гола, но не успеа целосно да се врати, па загуби со 31:33.

Давор Палевски го водеше победникот со девет гола, додека Никола Димитров постигна шест. Тиквеш го имаше за расположен Огнен Савковиќ кој стрелеше десет пати.

Работнички е се уште прв во плеј-офот и истото место го дели со Јуниор Кисела Вода и Металург 2. Тиквеш е без победа откако избори место меѓу оние тимови кои се борат за влез во Суперлигата.