Падна првата „жртва“ во СЕХА Лигата

По поразот од Црвена Ѕвезда во српскиот Суперкуп, тренерот на Војводина, Бошко Рудиќ поднесе оставка и не е повеќе тренер на учесникот во СЕХА Лигата. Иако раководството на новосадскиот тим не ја прифаќало оставката, сепак Рудиќ останал на својот став.

„Едноставно не функцонираа работите како што треба и време е за некоја шок терапија, а тоа е промена на тренерот.“ – изјави Рудиќ за српските медиуми.

Војводина ќе има нов тренер до четврток, најверојатно странец, кој ќе го води тимот на следниот натпревар од СЕХА Лигата, против македонскиот вицепрвак Металург. Претходно српскиот шампион загуби од Динамо Панчево, Нексе и Загреб, а двапати го победи грчкиот Дукас во првото квалификациско коло од ЕХФ Купот.