Падна договор – дербито меѓу Металург и Еурофарм Работник ќе се игра на 4 април

По денешниот состанок на пет клубови учесници во плеј-офот од Суперлигата, падна договор во врска со одложените натпреварите и хаосот со термините поради настапите на Вардар и Еурофарм Работник во европските купови и во регионалната СЕХА лига.

Дербито од второто коло што требаше да се игра во овој викенд меѓу Металург и Еурофарм Работник, ќе биде на програмата на 4 април во салата „Автокоманда“.

Сепак третото вонредно коло што требаше да се игра на 3 и 4 април, ќе се помести на 6 и 7 април, додека четвртото се поместува на 24 и 25 април. Сите други следни кола остануваат на првично договорените термини.

Постигнат е договор во натамошниот дел од плеј-офот, сите клубовите да му излезат во пресрет на Вардар со нови одложувања на термините во Суперлигата, бидејќи „црвено-црните“ ќе играат во четвртфиналето од Лигата на шампионите.