Павловски и Белевски нови ракометари на Радовиш

РК Радовиш со потписот на Игор Павловски го направи најголемото изненадување на македонскиот трансфер пазар. Еден од најстандардните првотимци во дресот на Зомимак, пивотот Игор Павловски се одлучи да ја напушти струмичката екипа кога Зомимак ги бележи најголемите успеси. 34-годишниот пивот кој беше повремен репрезентативец на Македонија, пред неполна недела потпиша за екипата на Радовиш.
Денес пристигна ново засилување, Бојан Белевски исто така потпиша за екипата на Радовиш, тој ќе ја засили левата бековска позиција. Во изминатите две сезони ги бранеше боите на РК Охрид, а од следната сезона ќе се обиде да го поправи пласманот на својот клуб во македонското првенство.