Ојлески: Сите ја знаеме силата на Вардар

Ракометарите на Еурофарм Работник загубија во полуфиналето во Купот од Вардар, а левото крило Гоце Ојлески по натпреварот имаше свој коментар. Тој упати комплименти за противникот и ја честиташе победата на подобриот тим.

‚‚Пред се честитки на Вардар тие беа апсолутен фаворит во пресрет на овој натпревар. Ја знаеме силата на Вардар, пробавме да се надигруваме колку што можеме. Во второто полувреме паднавме и физички, во средата имавме тежок натпревар кој што многу ни значеше. Бевме исцрпени, дадовме максимум, пруживме отпор и мислам дека одигравме коректен натпревар‘‘, изјави Ојлески.

По поразот во полуфиналето на Еурофарм Работник му преостанува да се насочи максимално кон плеј-офот од првенството и да го зачува второто место кое ги води наредната сезона во СЕХА лигата.