Ојлески, Кузмановски и Мајнов учеа од Чави Пасквал

Тренерот на европскиот шампион Барселона, Чави Пасквал оваа недела беше гостин во Романија. Пасквал најпрво учествуваше на програмата која ја организираше Баја Маре, а потоа ја прифати и понудата од екипата на Одорхеи, во која настапуваат македонците Ојлески, Кузмановски и Мајнов. Шпанскиот тренер одржа утрински тренинг зад затворени врати, на кој ракометарите на Одорхеи имаа можност одблиску да се запознаат со добропознатата дефанзива која ја практикува Барселона, а Пасквал говореше и за моменталната ситуација во ракометот и конекцијата помеѓу ракометарите, судиите и тренерот.