Ојлески без грешка, Одорхеи убедлив против Фагараш

„Македонсиот“ Одорхеи, каде играат тројцата интернационалци, Гоце Ојлески, Милорад Кукоски и Горан Кузмановски, славеше убедлива победа со 34:22 над составот на Фагараш, во натпревар од 12 коло во романскиот шампионат.

Левото крило Ојлески имаше максимален учинок на овој и ги погоди сите 4 обиди кон противничкиот гол, Кузмановски не се запиша во листата на стрелците, а Кукоски одлично си ја заврши работата во одбрана и заработи жолт картон. Следниот дуел, Одорхеи ќе го игра против Фочани на гостински терен.