Ојлевски: Без разлика со каков состав ќе настапи Металург секогаш оди на победа!

Пред првиот натпревар во СЕХА лигата во 2015 година, Металург ја одржа редовната прес конференција. Македонскиот шампион ќе биде домаќин на хрватската екипа Нексе во рамките од осмото коло. На прес конференцијата претседателот на клубот и левото крило Гоце Ојлевски ги дадоа своите очекувања од неделниот натпревар.

Левче Китевски, претседател на управен одбор:
Тренерот Лино Червар ќе биде достапен од утре, а околу тоа што ќе се случува со клубот би ве замолил да не заземате страна, тука сме дојдени како професионалци за натпреварот против Нексе. Металург ќе ги продолжи натпреварите и во СЕХА и во Лига на Шампионите и ќе се бори за титулата во македонското првенство.
Металург ги почна подготовките на 12 јануари, а започнаа со тренинзи оние кои не заминаа во Катар. Договорот со тренерот на екипата Лино Червар е во важност од уште две години и тој ќе биде на клупата во недела.
Гоце Ојлевски, ракометар на Металург:
После таа пауза не очекува овој натпревар максимално се подготвуваме без разлика со каков состав ќе настапи, Металург на секој натпревар оди на победа, знаеме кои се Нексе прилично школувана млада екипа која во минатото ни претставувала проблем, но очекувам победа.

Натпреварот е во недела со почеток во 20:15, во Борис Трајковски.