Очекуван пораз за Металург во Украина на почетокот на Лигата на шампионите

Составот од „Автокоманда“ со пораз ја започна овогодинешната сезона во Лигата на шампионите. Металург немаше доволно сили да му се спротистави на Мотор Запорожје и беше поразен со 30:24 (13:9). Иако во првите 15 минути од натпреварот беа постигнати мал број на голови од обете страни, во продолжението домашниот состав предводен од Бурка успеа да создаде предност и да ја зачува до самиот финиш.

Најефикасен на натпреварот беше ракометарот на Металург, Јанко Божовиќ кој постигна десет погодоци, недоволни за подобар резултат на Металург. Листата на стрелци кај Мотор Запорожје ја предводеше Сергеј Бурка со девет погодоци.

РК Металург: Божовиќ 10, Матиќ 5, Бувиниќ 2, Костески 2, Маџовски 2, Кузмановски 1, Мраковиќ 1, Пешевски 1.

Следниот натпревар на Металург е на домашен терен во СЦ „Борис Трајковски“ наредниот викенд. Гостин на Металург во второто коло ќе му биде Кадетен Шафхаузен од Швајцарија.