Очекувано, Ал Мудар на двобој со Вардар во четврт-финалето во Дамам

Екипата на Ал Мудар од Саудиска Арабија ќе биде противник на вардарци во утрешното четврт-финале кое се игра од 19 часот. Ал Мудар денеска во меч во кој доминираше 60 минути се избори за победа против тимот на Њујорк сити со 33:13 така што одработе според сите очекувања.

Од стартот на натпреварот работите одеа позитивно за еден од домашните тимови, па немаше ништо изненадувачки и утревечер ќе ги одмерат силите со вардарци на патот кон полуфиналето.

Голманот Мохамед Абдрбалхусаин со десет интервенции беше еден од подобрите на теренот и на крајот и прогласен за играч на средбата. Скандар Зајед со шест и Ахмед Ал Абдулали со пет гола беа најефикасни во редовите на тимот кој славеше победа. Во Њујорк сити прв стрелец беше Сајед Анвар Шалаби со четири погодоци.