Очекувани бодови за Е. Работник во Скопје

Лидерот во Супер машката лига, Е. Работник очекувано ги освои бодовите на гостувањето на Пролет и не беше повторена грешката од лани, па екипата од Битола останува на врвот на табелата. Е. Работник победи со 26:22, наиде на жилав противник, но имаше контрола на резултатот.

Предноста од четири гола беше обезбедена во првото полувреме кога составот на Е. Работник направи разлика од четири гола и дојде до 13:9. Уште од стартот се создаваше разлика, а Пролет само при 3:2 го имаше единственото водство на натпреварот.

После одморот предноста на Е. Работник беше константна. Постојано водството беше од четири до шест гола и во ниту еден момент не беше доведена во прашање победата на битолчани. Домашните се обидоа, но освен што стигнаа до три гола во финишот од средбата не можеа до нешто повеќе, па шансата за нови бодови ќе ја бараат на некоја од следните средби.

ПРОЛЕТ – Е. РАБОТНИК               22:26 (9:13)

Сала: „Македонско сонце“ во Скопје. Гледачи: 200. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Русе Наумовски од Скопје.

ПРОЛЕТ: Кимевски, Коруновски, Кристо, Ф. Василевски 1, Аларов 1, Јовчевски 1, Давитковски, А. Василевски 2, Манев, Трајковски 1, Андоновски 5, Џонов 3, Мајнов 5, Дамчевски, Стојановски, Манасков 3.

Седмерци: 0/1, Исклучувања: 10 мин.

Е. РАБОТНИК: Чаневски, Трајкоски, Ивановиќ, Ојлески 6, Марковски 3, Пецаковски, Талевски, Чурлевски 4, Мемиќ, Кузмановски 2, Кукоски, Крстевски, Граџан 3, Ѓукиќ 5, Кузманоски 2, Петровски 1.

Седмерци: 2/5, Исклучувања: 14 мин.