ОЧАЈНА ИГРА НА ВАРДАРКИ ЗА СТАРТЕН ПОРАЗ ВО ЛШ

Ракометарките на ЖРК Вардар со пораз ја стартуваа новата сезона во ЕХФ Лигата на шампионките. Подобри од македонскиот првак беа ракометарките на Ѓер кои со победа од 22-27 (10-13) си заминуваат од Скопје. Ракометарките на Амброш Мартин од самиот почеток ја имаа комплетната доминација на натпреварот, успешно казнувајки ја анемичната игра на Вардар во нападот, што беше доволно со важна победа да си заминат од Скопје.
EHFcl(z)-ZrkVardar-Gyor-6056Почетокот на натпрвеварот им припадна на гостинките од Унгарија. Расположена за игра беше Хајди Локе која во почетниот дел од натпреварот постигна три гола и беше нерешлива енигма за вардаровата одбрана. Ѓер ги користеше почетните грешки на вардарки по кои успеа да изгради позитива од +3, 5-8 во 15.минута. Стручниот штаб на Вардар со чести промени на паркетот се обидуваше да ја пронајде вистинската игра но тешко одеше против цврстата одбрана Ѓер. Вардарки и во продолжението на првото полувреме играа очајно посебно во офанзивниот дел каде имаа голем број на почетнички грешки. Ѓер сето тоа успеа да го искористи и со голот на Грот стигна до највисоки +4, 9-13 во 25.минута. До крајот на полувремето Пенезиќ ја затресе противничката мрежа за конечни 10-13 по триесет минути игра.

EHFcl(z)-ZrkVardar-Gyor-5916

И во вториот дел гледавме иста слика на теренот. Вардарки без идеа во нападот многу тешко ја пробиваа противничката зона на Ѓер. На другата страна Локе, Ковачиќ и Суланд ја решетаа мрежата на Суслина за највисоки +7, 15-22 во 45.минута. До крајот вардарки успеаа да намалат дел од највисокото водство на Ѓер за конечни 22-27, со што со пораз ја стартуваа новата сезона во ЛШ.

EHFcl(z)-ZrkVardar-Gyor-5931

Најпрецизни во редовите на македонскиот шампион беа Маја Сокач со пет (сите од седум метри) и Андреа Пенезиќ која постигна четири гола. Кај Ѓер најмногу се истакна Анико Ковачиќ која беше стрелец на шест погодоци.

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ