Охриѓани со дебитантско учество во Плејофот

Охридските ракометари за прв пат во својата историја ќе учествува во плејоф фазата на Македонија. Својот пласман меѓу најдобрите шест екипи во Суперлигата обезбедија завршувајќи на третата позиција на табелата, позади Металург и Работнички.

Ракометарите на Охрид дебитантскиот настап ќе го отворат во „Билјанини Извори“ в сабота со почеток од 19:00 часот. Прв противник ќе им биде  актуелниот шампион на Македонија и четвртфиналистот во Лигата на Шампионите, Вардар.

„Мечот со Вардар е наш најлесен сезонава. Не сме фаворити после подолго време сезонава и го немаме оној притисок да победиме, а второ нема што да загубиме ништо бидејќи играме против една од петте најдобри екипи во Европа“ – изјави хрватскиот интернационалец Јосип Кежиќ.

Целта на охридските ракометари е пласман во горниот дел од табелата кој води кон излез во Европа.

фото: ohridnews.com