Охриѓани слават и навиваат и покрај поразот од Металург (ВИДЕО)

Ракометарите на Охрид во натпреварот од 5.коло на македонската ракометна суперлига на домашен терен беа совладани од Металург со 22-30. По победата во претходниот натпревар против Пелистер, охриѓани многу мотивирано влегоа во натпреварот и половина полувреме успеваа да им пружат силен отпор на скопјани кога резултатот на семафорот гласеше 8-8. Во продолжение Металург ја презема иницијативата, стигнувајки до највисоко водство од +8, за конечни 22-30.

Но и покрај поразот Охриѓани со атмосферата која ја направија во салата „Билјанини Извори“ покажаа дека настапот во суперлигата и гостувањето на екипа како Металург е вистински празник во нивниот град.
Интернационалците во екипата на Охрид, французинот Малик Хогас и хрватот Јосип Кежиќ беа посебно импресионирани од атмосферата во салата, па и покрај поразот славеа заедно со популарните „Рибари“.

Fala Ribari!!! Vie ste nasiot 8-mi igrac, prekrasna atmosfera ! !Igrame za Ohrid ⚽?

Posted by Malik Hoggas on Wednesday, October 14, 2015