Охриѓани лесно и убедливо против велешани

Во заостанатиот натпревар од 12. коло од Супер машката лига екипата на Охрид сосема очекувано дојде до победа над Борец од 43:29 и освои три бода со кои се израмни со тимот на Бутел Скопје.

Охриѓани имаа контрола на играта и резултат од почеток на натпреварот така што во ниту еден момент не се најдоа во незгодна ситуација и немаа проблеми околу освојувањето на трите бода. Сите обиди на велешани да направат нешто повеќе беа залунди бидејќи беше јасно кој ќе победи на овој натпревар уште пред неговиот почеток.

После 22:10 на крајот од првото полувреме во продолжение од средбата тимот на Охрид само ја чуваше високата предност. Истата ја зголеми за уште два гола до крајот, но немаше потреба да се форсира. Воедно ова беше шанса и за помладите да одиграат некоја минута, а тие успеаја да се претстават во одлично издание.

ОХРИД – БОРЕЦ              43:29 (22:10)

Сала: СЦ „Билјанини извори“ во Охрид. Гледачи: 1100. Судии: Никола Пауновски и Оливер Спироски од Струга. Делегат: Васко Дјакоски од Кичево.

ОХРИД: Брауновиќ, Јовановски, К. Андоновски 1, Ивановски 5, Блажески, Костов 9, Соколов, Д. Андоновски 6, Трајкоски, Тасески 2, Ристески 5, Георгиевски, Симоноски 6, Димитријески, Петровиќ 9, Везенковски.

Седмерци: 4/4, Исклучувања: 8 мин.

БОРЕЦ: Солев, Белчовски, Костовски, Кочов 7, Илиевски 2, Јордановски 3, Крстовски 2, Смилев 1, Ацев, Минов 12, Ристовски 1, Ристов 1.

Седмерци: 6/9, Исклучувања: