Охрид ќе биде домаќин на турнирот „5-ка за ракомет“

Ракометната школа Вардар Седмерец од Охрид заедно со Ракометниот клуб Вардар и ЈП „Билјанини Извори“, организира ракометен турнир за деца, во машка и женска конкуренција во генерациите 2008/2009 и мини ракомет за деца родени во 2010 година и помали.

Турнирот ќе се одржи на 25 мај во спортската сала „Атина Бојаџи“ во Охрид. Би требало да настапат повеќе од 250 деца од цела Македонија.

„Како организатори сакаме да истакнеме дека за прв пат еден ракометен турнир за деца ќе биде пренесуван во живо преку интернет, благодарение на  Стојан Стојаноски од 2С. За сите учесници обезбедена е храна и вода. Многу важно што треба да се напомене е дека за здравјето на децата ќе се грижи доктор од „Црвен Крст – Охрид“. Преку овој спортски настан се обидуваме на децата да им наметнеме една претстава за голем ракомет како и натпреварувачки дух и натпреварувачки карактер“, велат од Вардар Седмерец.

Учесници:

Генерација 2008/2009 машки
– Вардар Седмерец Охрид
– Гостивар
– Преспа Ресен
– Асови Кичево

Генерација 2008/2009 женски
– Вардар Седмерец Охрид
– Кале Кичево
– Гостивар
– Лихнид Охрид

Организаторите се надеваат дека во иднина овој спортски настан ќе прерасне во традиција и ќе биде со уште поголем број на учесници.