Охрид со силен отпор за освојувачот на Струшкиот турнир

Тикот кој дојде до титулата на 47. Издание на Струшкиот турнир, АЕК остана во Македонија и продолжи со играњето на контролни натпревари. После трите средби во Струга денеска тимот кој доаѓа јужно од Македонија играше со Охрид и забележа победа 24:22.

И двете полувремиња завршија со идентичен резултат од 12:11, а ова беше средба на која и охриѓани имаа што да прикажат. Тие на почетокот на натпреварот беа во предност, но потоа следуваше смена, па на одмор АЕК отиде со предност од еден гол.

Вториот дел донесе речиси идентична игра. Составот на АЕК и во овие 30 минути беше за гол подобар од Охрид со што се избори за триумф од 24:22. Воедно ова беше вовед за тимот од нашиот јужен сосед пред утрешната пресметка со Вардар во 12 часот (ќе се игра без публика). За Охрид, пак, следната контролна средба ќе биде против КЛ 7-Лазаров в среда во Скопје.

На денешниот натпревар во тимот на Охрид најрасположен одново беше Блажески со пет погодоци, додека трипати прецизни беа Мартин Иваноски и Денис Тот. Голманот Брауновиќ забележа десет интервенции.