Охрид со проблеми пред евро настапот

Ракометарите на Охрид ќе мораат без својот најдобар стрелец Марко Кобетиќ, да слават во двомечот со холандскиот КРАС Волендам и да се пласираат во второто квалификациско коло од Купот на ЕХФ. Тимот на Горан Андоновски европското деби ќе го има пред својата публика во СЦ „Билјанини Извори“, каде ќе бидат одиграни двете средби.

Кобетиќ заработи повреда на дуелот со Пелистер, коленото му е отечено, па се уште не е направена снимка. Тој се наоѓа во Скопје и до крајот на неделата кога ќе спадне отокот, ќе се направи снимката и ќе може да се утврди за што точно се работи, иако прогнозите дека има скинати лигаменти.

Сепак и без Кобетиќ, Андоновски ќе има доволно бекови на располагање. Тука се Кежиќ, Адамовиќ, Младеновски, Димитријески, Бирдахиќ…па ќе може да се комбинира. Дуелите меѓу Охрид и КРАС Волендам се играат на 2 и 3 септември со почеток во 19 часот во СЦ „Билјанини Извори“.