Охрид со победа над Работнички го заокружи првото коло во Суперлигата

Во последниот натпревар од првото коло на македонскиот шампионат, Работнички во спортскиот центар „Форца“ го пречека составот на Охрид 2013.

Оваа сезона поради финансиски проблеми, Рабонички го напушти комплетната прва постава, па тренерот Весиќ со комбиниран состав од младинците и неколку ракометари кои останаа во клубот им се спротивстави на Охрид 2013. На проблемите се надоврза и црвениот картон во 19-та минута на најискусниот ракометар во екипата на Работнички, Ратко Димовски кој по еден старт во обид да спречи контра напад направи груб фаул кој судиите го санкционираа со најстрога казна.

Гостинската екипа уште на почетокот на дуелот најави дека е дојдена по трите бодови. Натпреварот започна со серија од три погодоци за Охрид, а веќе по 28 минути гостите имаа двоцифрена предност. Двете екипи на пауза заминаа со резултат 6-17.

Ниту второто полувреме не промени многу во однос на резултатот и играта. Работнички успеа да сврзе два погодока, но тоа беше сè од домаќините на овој дуел. Затоа охриѓани продолжија со својата игра и во средината на вториот дел имаа највисока предност од 12-27. Кога веќе беше решен победникот, во мирна завршница во која двата тренери им дадоа шанса на најмладите екипата на Работнички му честиташе на подобриот тим победа од 18-29.

Работнички 18-29 Охрид 2013 (6-17)

СТРЕЛЦИ

РАБОТНИЧКИ: Гајиќ 5, Тасев 5, Симоноски 3, Нојковски 2, Колоски 1, Коџоман 1, Алексовски 1

ОХРИД 2013: Блажески 9, Адамовиќ 5, Андоноски 3, Младеновски 3, Јанев 2, Белески 2, Трифуноски 1, Кежиќ 1, Кобетиќ 1,Спасовски 1, Ивановски 1