Охрид се врати на победничките патеки

По мини кризата и поразите на домашен терен од Еурофарм Работник и на гостински терен кај Борец, ракометарите на Охрид се вратија на победничките патеки во Супер лигата и остварија лесна победа над Металург 2 со 38:26, откако и на полувреме имаа високи 21:11.

Најефикасен играч во редовите на Охрид беше Марко Кобетиќ со 8 голови, а Лазар Адамовиќ мечот го заврши со 7, додека на голот сигурен беше Благојче Трајкоски со 14 одбрани. Кај Металург 2 се истакнаа Милан Лазаревски и Мице Шилегов со по 4 голови.