Охрид против Вардар за полуфинале во Купот на Македонија!

Ракометарите на Охрид во вториот полуфинален дуел од првата четвртфинална група беа поуспешни од Прилеп и во финалето ќе ги одмерат силите со ракометарите на Вардар. Победникот од финалниот дуел ќе им се придружи на Зомимак, Металург и Тинекс Пролет на завршницата од Купот на Македонија.
Прилеп 2010 22-28 Охрид 2013 (13-12)
Почетокот на натпреварот навестуваше интересна и неизвесна завршница, ракометарите на Прилеп први постигнаа погодок, но резултатот до средината на полувремето се сврте во корист на Охрид. Ниту еден колектив не успеа да создаде предност поголема од еден разлика, до 27-та минута кога Охриѓани се оддалечија на 10-12. До крајот на првите 30 минути, Прилеп постигна уште три погодока за израмнување на резултатот и водство од 13-12 по првите триесет минути игра.
PrilpeOhrid-4
Второто полувреме повторно започна со изедначена игра и резултатска нишалка. Ракометарите на Охрид во средината на вториот дел создадоа клучна предност од три погодоци 18-21, а со истата разлика влегоа во последните 10 минути од натпреварот.
PrilpeOhrid
Крајот на натпреварот им припадна на ракометарите на Охрид, највисоката предност екипата на Горан Андоновски ја имаше во 58-та минута, 21-28, а по шеесет одиграни минути Охриѓани славеа победа со 22-28.
Најпрецизен во екипата на Прилеп беше Ангеловски со 6 погодоци, додека во победничката екипа Караиванов беше прецизен 10 пати.
PrilpeOhrid-5
Вечерва од 18:00 ќе се одигра финалниот натпревар меѓу Вардар и Охрид во малата сала на спортскиот центар „Борис Трајковски“.