Охрид пресилен за Вардар Јуниор

Во плеј-аут конкуренцијата се сретнаа екипите на Вардар Јуниор и Охрид во кој поуспешен беше гостинскиот состав и ја однесе победата со 26:36.

Водечкиот тим на плеј-аут табелата немаше проблеми да го совлада младиот состав на Вардар Јуниор. Од почетокот на натпреварот охриѓани го имаа водството од еден до два гола. Домашните не дозволуваа Охрид да се одлепи и брзо успеваа да ја стигнат негативата. Во вториот дел од првите 30 минути, тимот на Горан Андоновски направи највисока предност, 12:17. На полувреме беше 15:19.

Во вториот дел продолжи натпреварот во ист ритам како во финишот на првиот, гостите постојано ја зголемуваа предността. Со серија од 8:0 гостинскиот состав се одлепи на недостижни 17:29 и со тоа ја обезбеди победата на овој дуел. До крајот формално се одиграa преостанатите минути, поставите се измешаа на теренот, а шанса за настап добија оние со помала минутажа.

Во домашниот состав најдобар стрелец беше Дејан Кукуловски со седум гола, а во победничката екипа Иван Тасесеки десет пати стрелаше прeцизно во противничката мрежа. Со оваа победа Охрид останува на водечката позиција пред големиот конкурент Струга со пет бодови предност.