Охрид пред елиминација од ЕХФ Купот, загуби убедливо од Порто

По сите проблеми со патувањето, сместувањето, и труењето со храна, ракометарите на Охрид, иако на работа на силите, го одиграа првиот натпревар од второто квалификациско коло во Купот на ЕХФ, против домашниот Порто и загубија со убедливи 20:37.

Во првото полувреме избраниците на Горан Андоновски беа конкурентни. По нерешените 6:6, охирѓани дури и водеа со 9:6 преку Адамовиќ, Кежиќ и Блажески, а потоа беше и 10:7. Тогаш „гладијаторите“ како да застанаа и колата тргна низ брдо.

Португалците направија огромна серија од 7 голови по ред и поведоа со 10:14, а на пауза се замина со 12:16. Во вториот дел, за 5 минути Охрид прими 5 голови за 12:21 и веќе се знаеше дека нема што да бара на овој натпревар, па продолжението се играше само формално до 20:37.

18 голови разлика е највисокото водство што го имаше Порто во текот на натпреварот. Најдобри поединци во македонскиот тим беа Бирдахиќ, Димитријески и Блажески со по 4 голови. Кај Порто се истакнаа Гутиерез со 7 и Родригез со 6. Реванш дуелот кој ќе биде само формалност, се игра утре со почеток во 16 часот.