Охрид по втор пат домаќин на кампот „Кирил Лазаров 7“

Во јуни ќе се одржи второто издание на ракометниот камп на капитенот на македонската репрезентација. Седум дена ракомет, забава и дружење во две смени ќе го одликуваат новото издание на „Кирил Лазаров 7“. Организацијата повторно е доверена на КМГ спорт, а во семејството поддржувачи на кампот ќе бидат вклучени неколку нови партнери.

12941003_10153374436271644_1178717002_o

Кирил Лазаров, капитен на македонската репрезентација:

Мислите ни се свртени кон престојниот викенд, искрено се надевам дека со организација на кампот ќе ги наполниме батериите за она што ќе не очекува во Рио. Минатата година  направивме нешто ново, и интересно, постојат и други кампови, но мислам дека агенцијата КМГ максимално се посветија и благодарен сум што на овој начин имам екстра квалитетна организација. Оваа година ќе се фокусираме на македонско производство, на македонските деца, затоа и имаме поставено лимит, 70% да бидат деца од Македонија .

Главен фокус ќе се даде на стручниот кадар. Ќе имаме екстра квалитетни тренери кои ќе бидат присутни и ќе одржат предавање не само за децата туку и за нашите тренери. Првичната идеја беше да одиме само со една смена, но решивме да ги испочитуваме желбите на децата и се одлучивме да направиме оваа година две смени.

Горан Ѓоргоноски, организатор, „КМГ спорт“:

Чест, задоволство и обврска за нас е новото издание на „Кирил Лазаров 7“. Повторно, Охрид, во хотелот „Аквалина“ ќе овозможи да се реализира замислата на Кире. Оваа година се одлучивме да отвориме две смени, а кампот ќе биде интернационален. Веќе имаме пријавено деца од Данска, Шведска, Црна Гора, Романија, а најголемот дел ќе бидат од Македонија. Целта е кампот да добие на квалитет оваа година. Работите кои ги нудиме во таа насока се сместување во хотел од висока категорија која може да го задоволат критериумот на Лазаров и неговиот тим, преку исхраната, сместувачкиот капацитет и спортската опрема од врвен производител. Можам да ветам дека ќе дадеме сè од себе,  во секој аспект да бидеме подобри оваа година.

За крај, би сакал да ја искористам оваа прилика да ја најава соработката со хрватската агенција Фестивус, позади која стои успешниот француски менаџер, Андреј Голиќ.

12941003_10153374436271644_1178717002_o