Охрид останува на врвот, рутинска победа против Вардар Јуниор

Ракометарите на Охрид остварија рутинска победа над Вардар Јуниор со 31:24, што беше четврта нивна победа во петте досегашни меча, по што остануваат лидери на табелата во Супер лигата. Андоновски, Кобетиќ на три пати, Младеновски и Блажески донесоа 6:0 на стартот на мечот и уште тука беше јасно кој ќе ги освои бодовите. Предноста се искачи на плус 8, 10:2, беше и плус 9 за охриѓани, 13:4, но на пауза се замина со 15:8.

Во вториот дел избраниците на Горан Андоновски одиграа рутински и ја одржуваа предноста стекната во првото полувреме, за конечни 31:24. Кај Охрид се истакнаа Марко Кобетиќ со 12 голови, а Блажески даде 5, додека во гостинскиот тим на Вардар Јуниор, кој настапи ослабен на овој меч (неколку ракометари играа за првиот тим на Вардар во СЕХА) најдобар поединец беше Мартин Манасков со 7 голови, додека Ристо Вујачиќ даде 6.