Охрид не се испоти против Борец

Охрид имаше лесна задача во второто коло од плеј-аут натпреварите. Беше домаќин на екипата на Борец и лесно запиша нови бодови со конечен резултат 38:12.

Охрид пред натпреварот беше огромен фаворит. Екипата од Велес допатува со само осум играчи на гостувањето и уште веднаш беше јасно кој ќе ја однесе победата.

По почетните 1:1, охриѓани направија серија од 10:0 и поведоа со огромна разлика уште во почетната фаза од мечот. На полувремето Охрид имаше предност 17:7. До крајот само остана формално да се доигра дуелот кој беше можност да се даде поголема шанса на играчите на Охрид кои добиваат помала минутажа.

Најпрецизни во составот на Охрид беа Даниел Андоноски со осум гола и Михаил Иваноски кој постигна седум. Најдобар поединец во тимот на Велесе беше Лазар Стојанов со постигнати шест гола.

Во следното коло Охрид гостува кај Радовиш, а шанса за први бодови Борец ќе има на домашен терен против екипата на Прилеп.