Охрид и Струга како фаворити во плеј-аут лигата

Екипите на Борец и на Вардар јуниор го отворија плеј-аутот од Супер машката лига, па денеска и утре битките продолжуваат со нови пресметки.

Вардар јуниор немаше проблеми да слави против тимот на Борец, а очекувањата се денеска Охрид да нема проблеми со Прилеп. Охриѓани влегуваат во оваа фаза од сезоната како лидери додека прилепчани се со млад состав така што е јасно кој е фаворитот.

Утре во Радовиш може да биде интересно, но таму стружани се тие што ќе бидат со улогата на фаворити за победа.

СУПЕР МАШКА ЛИГА, ПЛЕЈ-АУТ

ДВОЈКИ И РЕЗУЛТАТИ ОД 1. КОЛО

БОРЕЦ – ВАРДАР ЈУНИОР          30:41

САБОТА, 23 МАРТ

19:00ч

ОХРИД – ПРИЛЕП

Сала: СЦ „Билјанини извори“ во Охрид. Судии: Михајло и Методија Илиевски од Битола. Делегат: Васко Дјакоски од Кичево.

НЕДЕЛА, 24 МАРТ

18:00ч

РАДОВИШ – СТРУГА

Сала: 25 Мај во Радовиш. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Марјан Огњановски од Скопје.

ТАБЕЛА: 1. Охрид 27 бода (337:240); 2. Струга 25 (306:239); 3. Радовиш 15 (337:309); 4. Вардар јуниор 15 (299:305); 5. Прилеп 10 (250:288); 6. Борец 0 (270:418).