Охрид два пати на гости кај Порто

Тимот на Охрид кој минатата година го направи најголемиот успех во клупската историја, откако го освои првото место во регуларниот дел од сезоната во Суперлигата, сезонава направи историски пласман и во Купот на ЕХФ со елиминацијата на холандскиот Волендам.

Но се чини нивниот пат ќе заврши тука, бидејќи поради финансиската состојба во клубот, двете средби ќе бидат одиграни на гостински терен во Португалија, кај Порто. И без тоа, Порто беше голем фаворит за пласман во следната рунда, а по ова, шансите на Охрид уште повеќе се намалуваат, односно се сведуваат на теорија.

Двата меча ќе се играаt или 7/8 октомври или викендот 14/15 октомври.