ОФИЦИЈАЛНО: Јаков Гојун нов член на „лисиците“ од Берлин

Од наредната сезона одбраната на Фуксе Берлин ќе ја предводи хрватскиот интернационалец Јаков Гојун. Некогаш најдобриот обранбен ракометар во светот, ќе ја напушти ѕвездената постава на ПСЖ и за прв пат ќе го почуствува бундеслигашкиот предизвик. Гојун ќе биде вистинско засилување во редовите на „лисиците“ ако се знае дека искусниот Денис Шпољариќ по сериозната повреда (и годините) нема да биде целосно подготвен за наредната сезона. Дваесет и девет годишниот лев бек, во Берлин ќе се задржи најмалку три години.
„Секогаш сакав да играм во Бундеслигата, најдобрата ракометна лига во светот. Фуксе Берлин е квалитетен клуб со големи амбиции.“
По Загреб, Мадрид и ПСЖ ова ќе биде четврт клуб за Гојун во неговата кариера и повторно се работи за екипа од главен град на една земја.  Менаџерот на „лисиците“, Боб Хернинг не го криеше задоволството што ќе го имаа според него најдобриот дефанзивен ракометар во светот, со кого очекува да се стабилизира и зацврсти одбранбената линија наредната сезона.
Моментално екипата од Берлин се наоѓа на шестата позиција во германското првенство и заостанува еден бод зад оние места кои водат до европските купови.