ОФИЦИЈАЛНО: Сергеј Горбок од јуни во Пик Сегед

Како што веќе објави 24Ракомет, Сергеј Горбок од наредната сезона ќе настапува за унгарскиот вицепрвак. Потврда за веста официјално пристигна и од Сегед, а на официјалниот сајт на клубот новиот трансфер го сподели претседателот Петер Ерно Шуч.

Задоволство ми е да ви соопштам дека управата на клубот постигна договор со Сергеј Горбок, a ракометарот на Вардар ќе ги засили редовите на Мол Пик Сегед од летото 2016. Горбок имаше договор со Вардар до 2017, но одлучи дека сака да ја продолжи својата кариера со нас. Сметам дека во Сегед ќе видиме врвен ракометар, интернационалец кој игра на високо ниво, ракометар кој ќе биде вистинско засилување за нашиот тим.