ОФИЦИЈАЛНО: Работник го претстави Лазо Мајнов

Составот на македонскиот суперлигаш Работник од денес е засилен со уште еден член, откако искусниот десен бек Лазо Мајнов потпиша договор на две сезони со битолската екипа.

Мајнов во својата кариера го носеше дресот на Вардар и Металург, Загреб, Болоња, Мешков Брест, Елверум и ромнаскиот тим Одорхеи.

Како што соопштуваат од клубот новиот десен бек веднаш им се ставил на располагање на тренерите на екипата Зарков и Марковски и ќе дебитира веќе во сабота на гостувањето во Радовиш во рамките на 7. коло на Суперлигата.

Работник во моментот се наоѓа н третата позиција на табелата во македонскиот шампионат со само еден бод помалку од водечките екипи Охрид 2013 и Пелистер.