Официјално: Пино во Крим !

По многубројните шпекулации кои излегоа во врска со името на нејзиниот нов клуб, Алисон Пино сепак и официјално до крајот на сезоната ќе го носи дресот на екипата на Крим од Љубљана. Веста беше потврдена на фејсбук страната на менаџерската компанија која е застапник на Пино, со што и официјално е ставен крај на шпекулациите која ќе биде идната дестинација на француската ракометна ѕвезда. Пино минатата година го носеше дресот на македонскиот ракометен шампион ЖРК Вардар со кој стигна до “фајнл-фор” турнирот во Будимпешта, а соработката со заедничка согласност од двете страни беше прекината пред неколку дена.