Официјално: Петар Ненадиќ во Фуксе Берлин

Се поврзуваше со Вардар, Барселона и лутиот конкурент Киелце, сепак како што веќе објавивме најдобриот централен бек на Србија кариерата ќе ја продолжи во бундеслигашот Фуксе Берлин.

Петар за нас беше најпосакуван кандидат. Тој е многу сличен со Икер Ромеро, ракометар со многу талент, технички игра многу силно,  има одлична прегледност над играта и знае да пробие на 6 метри. Тој е во состојба да ни помогне, а клубот ќе обезбеди дополнително меѓународно искуство“, рече Дагур Сигурдсон.

28-годишниот ракометар минатата сезона играше за полскиот вицешампион Висла Плок и постигна 69 гола во Лигата на шампионите. Исто така,  важна улога игра и во српската репрезентација каде со 145 постигнати гола во 63 натпревари. Во десетте години од својата професионална кариера веќе се стекна со големо меѓународно искуство, со игрите во дресот на Црвена Ѕвезда, Барселона, Сегед и Плок.

Петар Ненадиќ потпиша едногодишен договор со лисиците од Берлин, а веќе во четврток српскиот интернационалец ќе заигра на пријателските натпревари во Marienhafe и Lübbenau.