ОФИЦИЈАЛНО: Олафур Стефансон нов член на КИФ Колдинг

Пристигна и официјална потврда за легендарниот ракометен виртуоз Олафур Стефансон. 41-годишниот исландски бек, своето деби на ракометните терени по едногодишна пауза ќе го има на натпреварот против ППД Загреб, во рамките на осмина-финалето од Лигата на Шампионите.
Данскиот шампион го пријави легендарниот десен бек за натпреварите во елитното натпреварување, а тест за неговата форма ќе биде саботниот натпревар во Загреб.