ОФИЦИЈАЛНО: Од јуни Јан Питлик нов тренер во Оденсе

Шпекулациите од Данска кои говореа дека помошниот тренер на ЖРК Вардар, Јан Питлик, ќе биде новиот тренер на Оденсе  се остварија. Данецот ќе го напушти ЖРК Вардар на крајот на сезоната, а од наредната ќе биде новиот тренер на амбициозниот клуб од Данска, Оденсе. Со клубот Питлик потпиша тригодишен договор.

Денес пред медиумите во Данска, директорот на клубот, Арне Бух изјави:

Со доаѓањето на Јан Питлик добивме квалитетен тренер со големо искуство и компететност. Исто така со неговото доаѓање ќе привлечиме и играчи, навивачи и спонзори.

Јан Питлик го покажа своето задоволство и изјави:

Оденсе е возбудлив клуб со интересни визии. Јас со нетрпение очекувам  да работиме на реализација на предвидените планови и визии. Покрај тоа, гледам  голем потенцијал за развој на ракометот во Фун.