Официјално: Одорхеи го потврди трансферот на Ојлески

Репрезентативното лево крило на Македонија, Гоце Ојлески заминува од Металург, а нова дестинација за 25-годишниот стружанец е романската екипа Одорхеи.
Како што веќе објави 24Ракомет македонскиот репрезентативец по завршување на сезоната доби понуда од освојувачот на Челинџ купот, а преговорите завршија успешно.
Ова ќе биде прво интернационално искуство за некогашното лево крило на Вардар и Металург, а во новиот клуб ќе продолжи да го носи дресот со број три. Во романската екипа Одорхеи веќе играат македонскиот репрезентативец Горан Кузмановски и левиот бек Лазо Мајнов, а тимот за наредната сезона се засили и со Митар Маркез, Милан Сајин, Петар Јокановиќ и Венцел Цог.