ОФИЦИЈАЛНО: Мотор Запорожје ќе игра во СЕХА лигата

Информациите што се појавија низ руските медиуми дека Мотор Запорожје од следната сезона ќе биде дел од регионалната СЕХА лига, денеска станаа официјални.

Уште еден стандарден учесник во Лигата на шампионите ќе ја зголеми конкурецијата и ќе биде противник на Вардар и на Еурофарм Работник.

„Денес официјално го потпишавме договорот. Драго ни е што екипа со таков престиж и регуларно место во ЛШ ќе игра во нашата лига. Мотор ќе продолжи да игра и во украинското првенство и во ЛШ, а со оглед што следната година СЕХА лигата се дели на две групи со по шест екипи, ќе си најде место и во нашето натпреварување“, рече Михајло Михајловски, претседател на СЕХА.

Во дресот на Мотор оваа сезона играше македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски, но од лето се сели во Бундес лигата.