ОФИЦИЈАЛНО: Мите Стоилов во Работнички

Мите Стоилов од наредната сезона се враќа во македонското првенство. Искусниот 31-годишен бек ќе настапува во екипата на Работнички. По браќата Маркоски, Златко Мојсоски и Ванчо Димовски тој ќе биде петтото официјално засилување за Работнички во новата сезона.
Искусниот бек пристигнува во Скопје од романската екипа Одорхеи, а со неговото искуство, Работнички ќе ја добие потребната цврстина во одбраната.
Во својата кариера Стоилов го носел дресот на Младост, Вардар, Металург, Загреб, а со екипата на Одорхеи минатата сезона го освои Челинџ Купот