ОФИЦИЈАЛНО: Миркуловски до 2019 година во Вецлар

Македонскиот репрезентативец Филип Миркуловски не мрда од Германија. Вецлар и Бундес Лигата се одлично место за средниот бек, па реши да ја продолжи соработката до 30 јуни 2019 година. 34-годишниот Миркуловски дојде во Вецлар од Хановер во јули 2015 година и сега ја игра третата сезона во тимот. Од раководството на тимот искажаа големо задоволство по потпишувањето на новиот договор.

„Филип е роден лидер, апсолутен модел како играч и како личност. Сите сме пресреќни што Миркуловски и во следната година ќе го носи нашиот дрес.“ – изјавија од Вецлар.

Македонскиот ракометар исто така е задоволен од продолжувањето на соработката.

Моето семејство и јас сме одлично примени во Вецлар, се чувствуваме прекрасно, па не морав да размислувам многу штом ја добив понудата. Минатата сезона остваривме добри резултати, се надевам ќе биде исто и во новата сезона“ – изјави македонскиот репрезентативец.