ОФИЦИЈАЛНО: Мечевска нов член на Анкара 1910

Конечно е позната судбината на капитенот на женската ракометна репрезентација – Робертина Мечевска. Од вчера таа е нов член на клубот Анкара 1910 од Анкара. Со потпишувањето на едногодишниот договор таа станува втората македонска ракометарка која ќе настапува во новиот член на турската супер лига, а на почетокот на летото Моника Јаневска потпиша договор со оваа екипа.

“Завчера потпишав едногодишен договор со новиот член на турската супер лига, мој соиграч е Моника Јаневска од Македонија” изјави Мечевска за 24ракомет.мк

Првично Мечевсска имаше договор со екипата на Одру  но поради финансиската криза која ја зафати оваа турска екипа не дојде до реализирирање на тој трансфер.