Официјално Металург продолжува со млади сили!

Денешната прес-конфереција на Металург во рамките на СЕХА лигата, раководството на Металург ја искористи да ја информира македонската ракометна јавност за последните случувања во клубот. По низата шпекулации во медиумите, претседателот на управниот одбор Левче Китевски ја појасни ситуацијата во македонскиот шампион.
Левче Китевски, претседател на управен одбор на РК Металург:
Официјално од клубот заминуваат Мојсовски, браќата Марковски, Димовски, Јоновски, Манасков, Миркуловски и Георгиевски. Клубот нема да го затвориме, сопственикот на екипата бара излез. Прво во мое лично име се заблагодарувам на сите ракометари, потоа од името на клубот, од името на сопственикот се заблагодарувам за се што дале за овој клуб, за освоените 11 титули за двете осминафинални натпревари во Лигата на шампиони, а ако во догледно време ситуацијата се стабилизира можно е да се вратат во Металург, нормално ако има желба и од другата страна.