ОФИЦИЈАЛНО: Металург го претстави Вања Илиќ!

Како што веќе најавивме, младиот српски ракометар Вања Илиќ ќе биде замената за Мартин Марчец на левата крилна позиција во составот на Металург. Тој по краток престој во својот матичен клуб Партизан, повторно се враќа во Македонија каде овојпат ќе настапува за составот на Металург.

Илиќ (23 г., 183 см., 74 кг.) во својата кариера играл за српските екипи РКБ и Партизан, а минатата сезона ја мина во составот на скопски Работнички, каде беше и најдобар играч. По завршувањето на сезоната тој се врати во Партизан, а од денеска го засили Металург.

Илиќ во Металург ќе остане до крајот на тековната сезона, со можност соработката да продолжи за уште една година.

Чест и задоволство е да настапуваш за екипа каква што е Металург и да бидеш трениран од тренер каков што е Лино Червар. Секако, задоволство е и да настапуваш во Лигата на шампионите и во регионалната СЕХА лига. Ќе дадам се од себе за да се прикажам во најдобро светло и да ја оправдам довербата на тренерот и на луѓето од клубот“, изјави Илиќ за официјалниот сајт на Металург.

Доколку сакате да прочитате повеќе за Вања Илиќ, прочитајте го неговото минатогодишно интервју за 24Ракомет на овој линк.