ОФИЦИЈАЛНО: Матлиески промовиран во нов тренер на Пролет

Откако Илија Темелковски се пресели во Е. Работник, екипата на Пролет остана без тренер. Како што беше најавено, Гино Стрезовски беше само привремено решение, а Никола Матлиески е тренерот со кој екипата ќе продолжи во оваа сезона.

Матлиески, кој до вчера беше на клупата на Металург 2, помина дел од играчката кариера во екипата на Пролет, а сега ќе седне и на клупата на првиот тим така што ќе има сериозна задача во останатиот дел од сезоната да успее да го крене уште повеќе овој клуб на табелата.

Тој денеска беше промовиран од раководството на Пролет, а ја презема екипата во момент кога имаат две победи над фаворизирани екипи како Работник и Охрид. Од Пролет повторно се обратија до јавноста и му се заблагодарија на Стрезовски за тоа што му излезе во пресрет на клубот.

„Со задоволство и официјално можеме да објавиме после завршувањето на разговорите со РК Металург на кого сме му благодарни што го ослободија од обврските новит тренер на суперлигашот Тинекс Пролет објавуваме дека е Никола Матлиевски. Тој е поранешен играч на РК Тинекс Пролет каде настапуваше од 2005 до 2011, а по завршување на ракометната кариера и ја започна тренерската кариера во младинската школа во нашиот клуб. Задоволство е на управата на Пролет што именувавме млад и амбициозен тренер кој е пред добивање на Мастер Лиценца и се надеваме на долгорочна соработка. Воедно му се заблагодаруваме на Проф Гино Стрезовски за пружената рака во овој период.“ – се вели во соопштението на Пролет.