ОФИЦИЈАЛНО: Кристопанс три години во Вардар

Македонскиот првак Вардар од следната сезона на десната бековска позиција наместо Алекс Душебаев ќе го има летонскиот репрезентативец Денис Кристопанс. Највисокиот играч во Лигата на шампионите (213 см) реши својата кариера да ја продолжи во Македонија како дел од тимот на Вардар. Кристопанс потпиша договор на три години почнувајќи од сезоната 2017/2018.

Ракометната јавност Кристопанс го запозна преку настапите на Татран Прешов во регионалната СЕХА лигата. По пет години минати во Словачка, тој замина за Катар каде остана неколку месеци, а потоа потпиша договор со амбициозниот клуб од Белорусија, Мешков Брест.

„Секогаш е задоволство кога можеш да потврдиш дека сте успеале да донесете играч кој е веќе докажан, но се уште може да напредува и заедно да се радуваме на нови победи. Даинис Кристопанс доаѓа во Вардар како големо засилување за тимот, не само во нападот туку и во одбрана. Веруваме дека неговото доаѓање ќе придонесе за уште подобра игра на екипата, и во одбрана и напад, а тој ќе ги покаже сопствениот раскошен талент и квалитети, вели Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

Кристопанс лани ја имаше најдобрата сезона во ЛШ, постигнувајќи 62 гола. Сезонава постигна 23 гола на пет натпревари. Во СЕХА лигата има постигнато 25 гола на седум натпревари, и е втор најдобар стрелец во тимот.

„Минав две извонредни години во Брест каде имав мотивиран и перспективен тим. Сега е време за продолжување натаму во мојата професионална кариера и затоа најмногу го одбрав Вардар. Имаше многу други заинтересирани топ клубови, од Германија, Шпанија, Унгарија, Белорусија. Но, Вардар му понуди најдобри услови за унапредување како професионалец, и Вардар е еден од најамбициозните клубови во светот во моментов, изјави Кристопанс.