ОФИЦИЈАЛНО: Котевски го презема кормилото на Металург 2

Како што најави 24Ракомет пред три седмици, поранешниот стратег на Бутел Скопје, Игор Котевски, во новата сезона и официјално ќе седне на кормилото на Металург 2.

Иако имаше понуди и од други суперлигашки клубови, се зборуваше и за преземање на Пелистер, сепак битолчанецот реши да остане во Скопје.

Тој си замина поради лични причини од Бутел, а сега ќе се посвети на брусење на младите македонски таленти од Автокоманда, чија главна цел ќе биде да се обезбеди опстанок.

Во споредба со минатата сезона, Металург 2 има ослабен ростер, откако дел од играчите заминаа во други суперлигашки клубови, но Котевски веќе е растрчан по засилувања и наскоро ќе биде формиран ростерот.