Официјално: Канељас потпиша за Кил!

Шпанскиот репрезентативец и довчерашен играч на Хамбург, Јоан Канељас и официјално во наредните 3 години ќе го носи дресот на германскиот шампион Кил. По многубројните шпекулации кои го поврзуваа неговото име со Киелце и Вардар, сепак Канељас се одлучи да остане во Германија, и да продолжи со своите настапи во најсилната лига на светот. Кил за наредната сезона потпиша со најдобриот ракометар за 2013, Домагој Дувњак, а по завршувањето на оваа сезона го продаде можеби најдобриот централен бек во моментов, Арон Палмарсон. Логично беше да се најде замена а изборот падна на шпанскиот репрезентативец.

Кил ќе биде 5-ти клуб во кариерата на шпанецот.Тој претходно има настапувано за Гранољерс, Барселона, Сиудад Реал(Атлетико Мадрид) и Хамбург.