ОФИЦИЈАЛНО: Ивиќ е новото голманско засилување за Киелце

Полскиот клуб Кијелце доби ново засилување на голот за следната сезона. Хрватскиот репрезентативец и ракометар на ППД Загреб, Филип Ивиќ во следните четири сезони ќе ги брани боите на полскиот клуб.

Ивиќ е „дете“ на загребскиот клуб, веќе 12 години, ги мина сите категории и заедно со овој клуб освојуваше државни и регионални првенства.

Со Загреб имав договор на уште две сезони, но кога стигна понудата од Кијелце, заедно со управата  на клубот и мојот менаџер одлучивме дека најдобро за мене е да го напуштам Загреб и својата кариера да ја продолжам во Кијелце. Сигурен сум дека повторно ќе се вратам  во својот Загреб и дека ова не е последното што ќе го одиграм во омилениот дрес. Ова не е збогум, засега е само довидување.“ – изјави младиот голман Филип Ивиќ по потпишувањето на договорот.

Со заминувањето на Ивиќ, ППД Загреб ќе мора да најде соодветна замена на голманската позиција, која најверојатно ќе се бара во Бундеслигата.
Дамнешна желба на тренерот Вујовиќ е во своите редови да го има словенечкиот репрезентативец Скок, а многу веројатно од следната сезона тој конечно ќе застане на голот на Загреб.