ОФИЦИЈАЛНО: Драган Гајиќ во Веспрем!

Десното крило на Монпелје од наредната сезона ќе настапува во редовите на унгарскиот шампион. Драган Гајиќ потпиша двегодишен договор со Веспрем.
Денес официјално управата на клубот го соопшти најновото засилување во името на Драган Гајиќ, а Словенецот се обврза на договор кој завршува на 30 јуни 2018.
Поранешниот репрезентативец на Словенија е роден 21 јуни 1984 година. Својата кариера ја започнал во РК Рудар ЕВЈ. Во својата кариера настапувал за Целје, Загреб и Монпелје.
Од 2005 го носеше дресот на националниот тим на Словенија, а на светскиот шампионат во Катар постигна 71 погодок и ја освои титулата најдобар стрелец на турнирот.